Околуочен крем

1.968,00 ден

Кожата околу очите е природно чувствителна.

Споделете го продуктот

Опис

Кожата околу очите е природно чувствителна. Таа е многу тенка и мека, со што гримасите на лицето дополнително придонесуваат за стрес на кожата околу очите. Со секојдневното нанесување на шминка,  кожата околу очите има најголема потреба од редовна дневна нега.

Смирувачки заштитен околуочен крем кој:

– спречува црвенило и оток во пределот околу очните капаци

– помага во задржувањето на хидратација на  кожата и ги измазнуваат брчките

– ја штити деликатната кожа од негативните ефекти на природата

Заштитниот крем Вита Дерм содржи ефикасен  комплекс за хидратација кој содржи четири различни форми на хијалуронска киселина, регенеративен и смирувачки комплекс и ефективни состојки бета-глукан, пантенол и натриум хијалуронат.

 

Производот не содржи бои и парабени.

Уживајте во свеж и млад изглед секој ден!

 

ПРИМЕНА:

Нанесете на пределот околу очите со нежно движење без притискање . Користете наутро и навечер за да го зголемите ефектот.

За дополнителни информации консултирајте се со ВАШИОТ професионален консултант.